Достапни линкови

Лозарите ќе блокираат повеќе патни правци во Македонија


Лозарите ќе го реализираат најавениот протест со блокада на патните правци Прилеп - Скопје, Неготино - Скопје, Штип и Гевгелија, како и винарските визби Тиквеш и Повардарие.
Ќе го изразат незадоволството што винариите не го испочитувале договореното на неодамнешната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека ќе го откупуваат грозјето по минатогодишните цени.
Неодамна со винариите беа договорени најниски цени за смедеревката и вранецот од 8 и 10 денари. Лозарите бараат најмалку 10 и 13 денари по килограм за овие сорти.
XS
SM
MD
LG