Достапни линкови

logo-print

Милошоски - Македонија има премногу платено за грчките хирови


Македонија има премногу платено со својот рационализам и прагматичност за да задоволи одредени нерационални, национални или националистички хирови кои доаѓале од Република Грција и спорот за името не може да се реши со наметнување на решение, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по денешната промоција на промоцијата на книгата „Обраќања“ од д-р Срѓан Керим.

„Сметаме дека навистина е време двете страни да смогнат сили и да го надминат ова прашање, со иста волја и со иста цел, да се овозможи процесот на евроинтеграции во регионот. За Македонија тоа да биде еден успех од историско значење, а за Грција тоа да биде успех кој ќе може да се вклопи во нивната Агенда 2014 година“, рече Милошоски.

Според него, би било тешко остварливо повторно да се очекува од Македонија, нејзините граѓани и македонското раководство со рационалност и разумност ги плаќаат цените за, како што рече, нерационално и неразумно однесување по однос на барањата кои од година во година, или од сезона во сезона доаѓаат од Грција.
XS
SM
MD
LG