Достапни линкови

Србија со кандидатски статус во октомври?


Белгискиот министер за надворешни работи Стивен Ванакере, чија земја е актуелен претседавач со Европската унија, денеска најави дека прашањето за кандидатурата на Србија за членство во ЕУ ќе биде на дневен ред на следниот состанок на Советот на Унијата за општи работи во октомври.
Ванакере појасни дека голем број на земји-членки на ЕУ се залагале за разгледување на српската кандидатура, додавајќи дека тоа сега не е можно од технички причини, бидејќи на чело на Холандија се наоѓа привремена влада.
Белгискиот министер потсети дека Србија ја усогласи резолуцијата за советодавното мислење на Меѓународниот суд во Хаг со Унијата.
XS
SM
MD
LG