Достапни линкови

Белорускиот активист сепак убиен?


Заменик-главниот обвинител на Белорусија изјави дека Обвинителството разгледува неколку теории за смртта на опозицискиот активист Алех Бебенин, меѓу кои и убиство и самоубиство. Досега властите тврдеа дека тој се самоубил. Бебенин беше пронајден обесен на неговиот имот во близина на Минск. Откако властите ја прогласија неговата смрт за самоубиство, меѓународната заедница ја повика Белорусија да спроведе независна истрага.
XS
SM
MD
LG