Достапни линкови

logo-print

Лавров - ЕУ се „влече“ со визната либерализација за Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ЕУ „се влече“ во укинувањето на визите за руските граѓани. Тој рече дека тоа „веќе создава реални проблеми во развојот на меѓусебните односи“. Дел од европските земји се плашат дека укинувањето на визите за Русија би предизвикало бран од илегални емигранти во ЕУ. Од друга страна, според Светската туристичка организација, Русите се девети најголеми потрошувачи и на меѓународни патувања во 2009 година потрошиле речиси 21 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG