Достапни линкови

Фуере - Да се фокусираме на иднината


Евроамбасадорот Ерван Фуере
Евроамбасадорот Ерван Фуере

Евроамбасадорот Фуере ги демантира информациите дека Македонија во 95-та година имала шанси да почне преговори со ЕУ.

Европската Комисија никогаш не квалификува свој извештај за негативен или позитивен. Најважното е дека извештајот во ноември ќе ги рефлектира настаните во Македонија во изминатава година и на него треба да се гледа како на охрабрување до владата и политичките партии да се фокусираат на прашањата на кои треба да се работи и да ги спроведат реформите, ова го изјави евроамбасадорот во земјава
Важно е да се запомни дека извештајот за напредокот ја покрива целата измината година, што значи во него ќе има осврт и на одложувањето и успорувањето на реформите во првите месеци од годинава
Ерван Фуере на прашањето каков ќе биде наредниот извештај на комисијата за напредокот на земјава. Ние сме охрабрени од одлуката за усвојување на правилата за процедурата и од средбите на координаторите на партиите и се надеваме дека тоа ќе го зајакне политичкиот дијалог и реформите ќе бидат спроведени врз база на консензус, вели тој.

,,Важно е да се запомни дека извештајот за напредокот ја покрива целата измината година, што значи во него ќе има осврт и на одложувањето и успорувањето на реформите во првите месеци од годинава. Се надевме дека во следниот период владата ќе направи се што е потребно да ги спроведе реформите. Во исто време е важно да се запамети дека не се работи само за донесување на законите, туку и за нивна целосна ефективна имплементација."

Ерван Фуере на прес конференција со преставници на владата


Според Фуере сеуште треба да се работи на реформите во судството, во борбата со корупцијата и во јавната администрација. Во однос на прашањето за името евроамбасадорот вели дека тие се надеваат секој ден дека двете земји ќе дојдат до компромис.
Секој што сугерира дека таква опција постоела во 1995 година навистина ја користи имагинацијата


,,Во моментот кога тие ќе се договорат тоа ќе биде на радост на сите и ќе предизвика позитивна атмосфера за земјата и регионот, ќе биде и стимул и знак дека заедно можеме да одиме напред во исполнување на аспирациите на македонскиот народ."

Фуере ја негираше изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека Македонија имала шанса да започне преговори со Унијата под привремената референца БЈРМ.

,,Секој што сугерира дека таква опција постоела во 1995 година навистина ја користи имагинацијата, бидејќи тогаш Шведска и Финска станаа членки на Европската унија и ги немавме почнато преговорите со земјите кои станаа членки во 2004 година. Јас мислам дека целата дебата е трошење на време, зошто треба да се фокусираме на иднината."

Фуере и порача на владата дека сега нејзината задача е да оствари напредок со цел да го продложи евроинтегративниот процес.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG