Достапни линкови

Финансиска инспекција во Грција


Инспектори од Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка денеска пристигнуваат во Атина за да проверат како Грција се справува со долгот и да разговараат за буџетот на оваа земја за следната година.
Инспекторите, кои ќе останат во Грција две недели, пристигнуваат во момент кога земјата треба да ја добие втората транша од кредитот, одобрен од ММФ и земјите членки на еврозоната за спасување на грчката економија. Втората транша од девет милијарди евра се очекува да биде доделена утре.
XS
SM
MD
LG