Достапни линкови

Во нашата рубрика Хајд Парк слушателите можат да коментираат, за моменталната економска ситуација и дали е подобра од претходно.

Нова тема- нови ваши пораки и коментари, почитувани, Во Хајд паркот, на веб-страницата на Радио Слободна Европа. Како читач и новинар којшто ги анализира вашите мислења можам да забележам едно: темите од економијата се оние кои најмногу ги ,,болат,, нашите граѓани, и – се разбира, оние за проблемот со името. И веднаш реагирате. Но почитувани на нашата веб страница: makdenes.org, што веќе, впрочем ја знаете, Радио Слободна Европа, редакцијата на македонски јазик, воведовме наградна игра. Земете го фашиот фотоапарат или мобилен и фотографирајте, темата е младите во Македонија, а потоа испратете ја на нашата адреса. Првите 50-мина гарантирано добиваат награда, а за другите, на крајот на месецот. Отворете ја нашата веб-страница и прочитајте ги деталите. Веќе има испратено 8 фотографии, значи тие влегуваат во оние 50 обезбедени награди.
Да се вратам сега на коментарите во Хајд паркот. Еден коментар од видео-анкетата особено ми се допаѓа. Скопјанецот во нашата камера вели: ,,Има големи ајдуци и тие се опасни, не малите,,. Значи, по поминатите 4 години на Владата на премиерот Никола Груевски, новинарите од скопското студио на Радио Слободна Европа ги прашаа граѓаните дали забележуваат промени на подобро и каква ни е економската ситуација во моментот. Верувам дека во текот на неделата ќе има уште повеќе ваши коментари, а за денеска еве неколку од веќе пристигнатите: Ана од Скопје пишува дека ниту е подобра, ниту е полоша. ,,За никаде беше, и ќе биде уште долго време ваква доколку не се најде некој кој ќе сака навистина да ги искористи потенцијалите што ги нуди земјава,,. Јас би ја прашала Ана, а кои се тие наши потенцијали. Ана смета дека со економските промотори надвор од земјава, како што вели, ,,само се перат пари, дека не донесоа ниту една странска инвестиција и да кажат, еве, ние толку можевме, ама ова, само очите ни ги мачкаат,,. Валтер од Сараево (морам да признаам дека потписот е многу инвентивен, веројатно повозрасните знаат за што станува збор), речиси извикува: ,,Што подобра луѓеее, катастрофа е, ама ако,, забележува на крај Валтер, ,,вие верувајте му на Грујо, дека тргнала работата. Можеби да, ама за неговиот џеб,, заклучува Валтер. Џафер од Тетово додава: ,,Каков народ, таква влада,, а првата порака што ја испратил редовниот наш Џони од Валандово, иако малку повеќе ,,народска,, така да кажам, кажува, цитирам, ,,Подобра, жими Џими,,. Дозволете ми и јас да искоментирам дека на Џони од Валандово, се чини, ептен му ,,лежат,, американските имиња!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG