Достапни линкови

Нови престрелки во Дагестан, 5-мина загинати


Русија соопшти дека во денешната акција на безбедносните сили во северно-кавказката република Дагестан, биле убиени 3-ца милитанти. Полицијата претходно опколила една куќа во близина на границата со Чеченија во која се криеле милитантите, но тие одбиле да се предадат и го убиле локалниот администратор кој се обидувал да ги убеди да го положат оружјето. Во престрелката загинале и двајца полицајци.
XS
SM
MD
LG