Достапни линкови

logo-print

Иранската новинарка повторно ослободена со кауција


Иранската новинарка и активистка за човекови права, Шива Назар Ахари, обвинета за дејствување против господ, била ослободена со кауција од 500 илјади долари, јави еден опозиционен ирански сајт. Таа прво беше уапсена по контроверзните претседателски избори во Иран, во јуни 2009-та, па ослободена со кауција по три месеци, а повторно беше уапсена во декември минатата година кога одела на погребот на дисидентскиот верски лидер Хосеин Али Монтазери.
XS
SM
MD
LG