Достапни линкови

Почнува процесот за кандидатски статус за Србија во ЕУ


На шефовите на дипломатиите на Европската Унија, денеска во Брисел, ќе им биде предложено Европската Комисија да изработи мислење за подготвеноста на Србија за добивање статус на кандидат за членство во Унијата. Тоа се очекува да го стори словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар, кој изјави дека Европската Унија мора да испрати вистински сигнал до СРбија по заедничкиот пристап на Белград со Брисел околу резолуцијата за Косово во Обединетите Нации. На неформалниот состанок, министрите оцениле дека приврзаноста на Србија кон Унијата мора да биде наградена.
XS
SM
MD
LG