Достапни линкови

logo-print

Турција – промена на Уставот


Турскиот Премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот Премиер Реџеп Таип Ердоган


На 12 септември, случајно или не токму на 30 годишнината од воениот удар по кој беше донесен сегашниот Устав, турците гласа за негова измена. 58 проценти од Турците се изјаснија во корист на 26 амандмани со кои се предвидува намалување на влијанието на војската врз политиката и врз правосудството и зајакнување на социјалните и семејните права во стилот на Европската унија.

„Гласањето ДА за промени на референдумот е резултат на аспирацијата на јавноста за демократија. Овој датум ке влезе во историјата на Турција“.

Изјави Премиерот Реџеп Таип Ердоган. Владата бараше од гласачите да ги прифатат измените, додека опозицијата ги отфрла, велејќи дека со тоа се зголемува контролата на владата во земјата. Голем дел од 26 амандмани предложени од владата се однесуваат на правосудството со што ќе се зголеми бројот на судии во Уставниот суд и на членовите на Високиот совет на судии и обвинители, кои се задолжени за контрола на работата на правосудните органи.Уставот од 1980 година треба да претрпи измени, бидејќи не е соодветен на демократска Турција. Но дали со тоа ќе се надмине политичкиот ќорсокак? Аналитичарите велат дека за тоа треба компромис и консезус.

Референдум во Турција за уставни промени


Турција е успешна приказна.

Турција е една од успешните приказни во последната декада, осоебно откако владејачката Партија на правдата и развојот дојде на власт пред осум години. Турската е меѓу десете најбрзо растечки економии во светот, со стабилна валута и со постојан пораст на бруто домашниот производ, на странските инвестиции и на извозот. Членка на НАТО од 1952 година, Турција останува кандидат за членство во Европската унија и покрај замореноста на блокот од нови проширувања и растечкото незадоволство меѓу турците спрема Брисел. Анкара ги подобри односите и со соседите и стана важна регионална сила. Како и да е, Турција го има проблемот со курдите кои сочинуваат огромно малцинтсво и покрај ветувањата на владата дека нивните основни индивидуални и етнички права ќе бидат подобрени. Над три децении, Курдската работничка партија е во крвав конфликт со турската војска, барајќи автономија или независност. Конфликт во кој загинаа над 30 илјади луѓе. Владата, војската и јавното мислење одбиваат да преговараат со курдската партија. Втора сериозна пречка за натамошниот развој на Турција е длабоката поделеност на општетството која се зголеми откако Партијата на правдата и развојот дојде на власт со апсолутно мнозинство и формира влада без да соработува со други партии. Ваквата позиција и овозможи на партијата да спроведе реформи кои не беа замисливи со претходните коалициони влади. Но, притоа се формира големо незадоволство кај државната бирократија и армијата кои со децении и дефакто владееа во земјата. Се појавија обвинувања дека владејачката партија, поради исламските корени, ја одвлекува земјата од нејзиниот секуларен и демократски пат. Имаше и обиди за судска забрана на Партија на правадата и развојот, а и сомневања дека војската подготвувала државен удар. Во исто време владата и премиерот Реџеп Таип Ердоган постојано ги одбиваа обидите за соработка со опозицијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG