Достапни линкови

Во Осло, конференција за невработеноста


Во Осло денеска се одржува меѓународна конференција за зголемување на вработеноста по глобалната економска криза. Организатори се Меѓународниот Монетарен Фонд и Организацијата за труд на Обединетите Нации. Се проценува дека како резултат на економската криза, во светот без работа останале 34 милиони луѓе. Меѓу учесниците на конференцијата се и премиерите на Шпанија и на Грција, Хозе Луис Запатеро и Јоргос Папандреу.
XS
SM
MD
LG