Достапни линкови

Заврши референдумското изјаснување во Турција


Заврши гласањето на референдумот за уставни измени во Турција. Првичните резултати се очекуваат за неколку часа. Според анкетите, резултатите од референдумот се неизвесни.
Најголем дел од предложените уставни измени се однесуваат на судството. Власта вели дека измените ќе придонесат за демократизација на земјата. ЕУ ги подржува обидите на Анкара да го реорганизира судството.
Опозицијата се противи велејќи дека со измените, се засилува владината контрола врз судскиот систем.
Уставните измени предвидуваат цивилните судови да можат да судат воени офицери за кривични дела против народот и државата. Армијата предупредува дека со тоа ќе се отвори можност за политички судења на офицерите.
XS
SM
MD
LG