Достапни линкови

52 новинари загинале во првите осум месеци годинава


Меѓународниот институт за печат соопшти дека во првите осум месеци од годинава, 52 новинари ги изгубиле животите поради нивната работа. Во истиот период лани, црниот биланс бил 56 жртви.
Најопасно место за новинарите е Мексико, каде што до август загинале 10 новинари. Следи Хондурас со 9 жртви и Пакистан со 6.
Јужна Америка е најопасен континент за новинарите. Таму загинале 20 новинари, додека во Азија има 18 мртви новинари во дадениот период.
Во Европа се убиени двајца новинари – еден во Грција и еден во Русија.
XS
SM
MD
LG