Достапни линкови

logo-print

Парични казни за нередовните бугарски пратеници


Бугарското собрание ги казни пратениците што не доаѓале на пленарни седници и на комисии во вкупен износ од 96.000 евра, се наведува во периодичниот извештај на бугарскиот Парламент.
Лидер според казните е претседателот на Партијата на Турците „Движење за права и слободи“, Ахмет Доган, кој е казнет со 13,7 илјади евра.
Според собранискиот правилник, износот на казните за три неоправдани изостаноци изнесува две третини од месечната плата.


XS
SM
MD
LG