Достапни линкови

Мигранти го убиле шверцерот што ги пренесувал


Шеснаесет нелегални мигранти од Русија и Молдавија се приведени во Египет. Властите соопштуваат дека дел од мигрантите го убиле шверцерот што ги пренесувал, откако тој се обидел да силува една жена од групата. Потоа, групата од 12 мажи и 4 жени се предала на египетската полиција, стравувајќи од одмазда од семејството на убиениот. Тие му платиле на шверцерот по 1000 долари да ги однесе во Израел, каде што планирале да бараат работа.
XS
SM
MD
LG