Достапни линкови

Двајца загинаа на протести во Авганистан


Двајца луѓе загинале во источен Авганистан, откако на протестите кои ги одржуваа дојде до судир со безбедносните сили.
Околу 500 луѓе протестираа против плановите на една мала американска црква да го запали Коранот, иако палењето на светата исламска книга беше откажано.
Демонстрантите извикувале „Смрт за Америка“ и „Смрт за марионетската влада. Неколкумина авганистански војници се повредени, откако демонстрантите почнале да ги гаѓаат со камења, по што војската пукала кон толпата.
XS
SM
MD
LG