Достапни линкови

Нетанјаху - Палестинците да го признаат Израел како еврејска држава


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека на Блискиот Исток би можел да се воспостави мир, само ако палестинското раководство го признае Израел како еврејска држава. Палестинците засега не го прифаќаат тој услов, зашто сметаат дека таквото признавање би го загрозило решевањето на правата на палестинските бегалци и на арапското малцинство во Израел.
Нетанјаху денеска ја информира израелската влада за разговорите што ги водеше со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG