Достапни линкови

Утврдена правна рамка за пописот


Владата го утврди Предлог-законот за Попис на населението, домаќинствата и становите и со тоа е создадена е потребната правна основа за пописот на населението што ќе се спроведува од 1 до 15 април 2011 година, соопштија денеска на прес-конференција вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми и министерот за правда Михајло Маневски.
Пописот ќе го спроведе Државната пописна комисија во соработка со Државниот завод за статистика, а ќе го следи ЕУРОСТАТ.
Министерот Маневски информира дека попишувањето ќе се спроведува на македонски јазик и кирилично писно, а во деловите од земјата каде повеќе од 20 проценти од населението се припадници на немакедонска етничка заедница, населението ќе може да се изјаснува на македонски или на својот мајчин јазик.
Првичните резултати ДЗС ќе ги објави 60 дена по завршувањето на пописот, а конечните најдоцна до јуни идната година.
XS
SM
MD
LG