Достапни линкови

Немири во Косовска Митровица


Седум луѓе, меѓу кои и еден припадник на ЕУЛЕКС се повредени во синоќешните немири во Косовска Митровица, кои избија по завршувањето на кошаркарскиот натпревар Турција - Србија. Полицаецот на ЕУЛЕКС бил погоден од куршум во нога на главниот мост на реката Ибар.
Во болницата во Косoвска Митровица се хоспитализирани петмина млади Срби, од кои еден е повреден со огнено оружје во левата рака. Меѓу повредените има и еден Албанец, а оштетени се и четири возила на косовската полиција.
Немирите се случиле откако Албанците прославувајќи ја победата на Турција се упатиле кон главниот мост на Ибар, каде биле пресретнати од Србите кои го следеле натпреварот во кафулињата.
Полицијата за да спречи ескалација на насилството употребила солзавец.
XS
SM
MD
LG