Достапни линкови

logo-print

Референдум за уставни измени во Турција


Повеќе од 49 милиони Турци со право на глас денеска гласаат на референдум за уставни измени со кои се предвидуваат значителни промени во државното уредување на земјата.
Најголем дел од промените се однесуваат на судството. Власта вели дека измените ќе придонесат за демократизација на земјата. Опозицијата се противи велејќи дека со измените, се засилува владината контрола врз судството.
Уставните измени предвидуваат цивилните судови да можат да судат воени офицери за кривични дела против народот и државата. Армијата предупредува дека со тоа ќе се отвори можност за политички судења на офицерите.
XS
SM
MD
LG