Достапни линкови

Коранот нема да се пали


Свештеникот од една мала американска црква денеска изјави дека сепак нема да го запали Коранот. „Дефинитивно нема да го запалиме Коранот, ни денес, ниту пак некогаш“, рече свештеникот Тери Џонс во интервју за телевизијата НБЦ.
Неговите планови да запали примерок од исламската света книга ја разбрануваа американската и светска јавност. Претседателот Обама побара од Џонс да не го пали Коранот.
Неговата црква во Флорида има 50 верници.
XS
SM
MD
LG