Достапни линкови

Нема нов предлог од Нимиц, тврди Груевски


Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц до македонската страна нема доставено нов предлог за спорот за името, изјави премиерот Никола Груевски отфрлајќи ги како шпекулации тврдењата на грчките медиуми за наводен предлог Република Вардарска Македонија и дека за истиот ќе разговаат за време на престојното Генерално собрание на ОН во Њујорк.
- Тоа е комплетно неточно. Нимиц нема доставено никаков предлог и тоа е една од редовните шпекулации на грчките медиуми, кои што очекувајте дека во наредниот период ќе се намножат затоа што во Грција речиси веќе започнува кампањата за локалните избори закажани за во ноември. Во однос на тоа и ние ќе треба да бидеме повнимателни во однос на изјавите, а се надевам и вие во анализите на пишувањата на грчките медиуми, рече премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG