Достапни линкови

logo-print

Реформите давале резултат, изјави Груевски


Позитивното придвижување на Македонија на листата на Светскиот економски форум во однос на конкурентноста покажува дека реформите што се спроведуваат даваат резултат, оцени премиерот Никола Груевски.
Ние и Црна Гора сме единствените од овој регион што имаме позитивно придвижување на листата, наспроти други кои имаат назадување. Ќе продолжиме со реформите бидејќи потребно е уште работа да се подобрат нештата и да се зголеми конкурентноста на земјата, рече Груевски по поставување камен темелник на комерцијална зграда во општина Центар.
Во однос на состојбите во градежништвото, тој оцени дека тоа е една од позначајните алатки на Владата за справување со светската економска криза и нејзиното влијание врз земјата, бидејќи дел од владината стратегија било стимулирањето на овој сектор преку различни форми вклучувајќи и изградба на комерцијални објекти.
Груевски информира дека Владата на последната седница донела повеќе кадровски решенија кои ќе ги соопшти утре.
XS
SM
MD
LG