Достапни линкови

logo-print

Младите во Европа, поделени


Невработеноста, нерешените социјални проблеми, визните бариери и изразено чувство на поделеност во низа аспекти, наметнато од политичарите се најголемите проблеми на младите во државите од Југоисточна Европа.

Педесетината претставници од земјите од југоисточна Европа на средба во Крушево, ја потенцираа потребата од одржување на што почести заеднички дружења со размена на искуства како мотив за организиран настап пред повисоките инстанци во матичните држави, но и пред Европската Комисија во Брисел. Овие млади луѓе се пожалија дека немаат поддршка од локалните и националните власти во реализација на нивните намери. Тие и овој пат ги дефинираа потребите и усвоија декларација која ќе ја испратат до Европската Комисија со точно утврдени барања.
Значи сакаме да упатиме повторно порака до носителите на одлуки за комплетна визна либерализација на целиот регион.. значи ослободување, да паднат визните бариери и за Косово и за Албанија и за Босна и Херцеговина. Значи поврзување на младите во текот на образовниот процес со пазарот на сила.

„Значи сакаме да упатиме повторно порака до носителите на одлуки за комплетна визна либерализација на целиот регион.. значи ослободување, да паднат визните бариери и за Косово и за Албанија и за Босна и Херцеговина. Значи поврзување на младите во текот на образовниот процес со пазарот на сила, либерал-маркет“, вели Методија Стојчески, извршен директор на невладината организација, „Младински сојуз“ од Крушево, која по 8-ми пат ги организира овие младински средби.

Според оценките на учесниците од Грција постои простор за поголема соработка меѓу младината од двете држави, но кочница за тоа е актулениот пробем со името. Како и во Македонија, така и во Грција невработеноста е голем проблем за младите луѓе, особено последниве две години со почетокот на светската економска криза.

„Ние изгубивме многу работни места во Грција, изгубивме повеќе од 100,000 работни места, особено на младите луѓе не им е лесно да најдат работа. Поради лесната комуникација и лесниот, слободен транспорт меѓу земјите од Европската унија, последната година имавме многу примери на млади луѓе кои се селеа во другите земји од Европска унија за да најдат работа“, изјави Бабис Папаиоаноу, претставник од соседна Грција.
Ние изгубивме многу работни места во Грција, изгубивме повеќе од 100,000 работни места, особено на младите луѓе не им е лесно да најдат
работа.


Последиве две години, пак, за младите во Босна и Херцеговина, визниот режим е сериозна кочница.

„Младите имаат само повеќе проблеми отколку што имаа пред две години. Конкретно визите се уште не ни се прекинати, се уште ни требаат визи за шенген земјите, за Бугарија, за Романија, за Кипар...за сите земји кои не се шенген. Ете јас се надевам некако, доколку за 10 до 15 години бидеме конечно дел од едно европско семејство дека ќе сфатиме колку беше глупаво што се делевме, за да се соединеме повторно, можевме тоа истото да го направиме 1990-1991-ва“, оценува Мирза Софтиќ, учесник од Босна и Херцеговина.

Сите учесници се едногласни во оценката дека честите вакви средби даваат поголеми можности за подобрување на квалитетот на животот на младите во земјите аспиранти за ЕУ.
Инаку, во текот на изминатите 8 средби, формирана е цврста младинска платформа, воспоставени се партнерства за соработка и остварени се бројни цели. Во реализација на конкретниот проект, партнер на Младинскиот сојуз е германската фондација Фридрих Еберт.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG