Достапни линкови

Белград и Приштина ќе мора да разговараат


Дијалогот меѓу Белград и Приштина кој го предлага заедничката резолуција на Србија и ЕУ, треба да почне до крајот на годината, но се уште не се знае каде и за што ќе се разговара, објави весникот „Политика“ повикувајќи се на неофицијални дипломатски извори во Брисел.
Според „Политика“ утрешниот неформален состанок на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, веројатно нема да помине без отворање на оваа тема, иако резолуцијата на Србија и ЕУ не се наоѓа на дневниот ред на состанокот.
Иако никој не одрекува дека за северот на Косово, српските енклави и манастири, Белград и Приштина ќе мораат да разговараат порано или подоцна, засега во прв план се нагласува општата „констуктивна соработка“ и „европската перспектива на Србија“.
објави весникот.
XS
SM
MD
LG