Достапни линкови

Прво името, па во ЕУ


По пораката од Брисел дека преговори без решение за името не се можни, дел од политичките партии велат дека власта треба да почне да ја прифаќа реалноста.

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромуј. Било разговарано за европската перспектива на Западен Балкан, како и за ситуацијата во Македонија и спорот со Грција за името. По средбата, Ромпуј, изјави:
"Му ја повторив на претседателот мојата лична решеност за стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа е и причината што во првите неколку месеци ги посетив лидерите на повеќе земји во регионот, односно, посетив 4 земји, а до крајот на годинава ќе ги посетам и другите. Се согласивме со претседателот Иванов дека членството во Европската Унија е клучно за иднината на неговата земја. Очекуваме да продолжи реформскиот процес. Му повторив дека Европската Унија силно ги подржува напорите кои ќе доведат до заеднички прифатлив договор за името, што е можно поскоро. Го охрабрив да го поттурне решавањето на проблемот со името, бидејки сега е време двете страни да донесат одлука.
Целосната имплементација на Охридскиот Договор останува важна цел и очекување на Европската Унија. Ќе се видиме повторно пред Божиќ во вашата прекрасна земја". Слични пораки, претседателот Иванов доби вчера и од претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо. Реакциите во Скопје се различни.
Зарем ќе го менуваме идентитетот граден со векови за да постигнеме напредок во овие два месеци, коментира и на најновите, но стари и познати како што ги нарекува пораки од Брисел кои беа упатени до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, пратеникот од владејачката ВМРО ДПМНЕ Петар Поп Арсов. Ако некој нас не блиокира да влеземе во ЕУ ние во никој случај не смееме да ја блокираме ЕУ да влезе во Македонија, нејзините стандарди култура и дух, е ставот на Поп Арсов.
Ние во ЕУ сакаме да влеземе како држава со свое име, со свој идентитет, со свој јазик. Сето она што ќе биде договорено за името, заедно со Грција во никој случај не смее да ги наруши тие атрибути што ги дефинираат и нашиот јазик и идентитет итн


,,Ние во ЕУ сакаме да влеземе како држава со свое име, со свој идентитет, со свој јазик. Сето она што ќе биде договорено за името, заедно со Грција во никој случај не смее да ги наруши тие атрибути што ги дефинираат и нашиот јазик и идентитет итн."

Демократската Унија за интеграција се залага и се ангажира во насока на постигнување компромисно решение за името и исполнување на оваа главна препорака од страна на ЕУ, велат во оваа партија. Разлики во однос на тоа како се примаат ваквите препораки како последните од Брисел, вели Тахир Хани секако постојат, но реалноста треба да се прифати што побрзо за да се дојде до целта што поскоро.

,,Тежината на тоа компромисно решение не е еднаква на сите чинители во политиката во Република Македонија, но сепак тоа е реалноста за нашата земја за да може што побрзо нашата земја да биде дел од ЕУ."

Изјави Тахир Хани. Во Нова Демократија пораките од Брисел се гледаат како пријателски коишто пак во македонксиот државен врв како што велат се сфаќаат крајно несериозно.
Тежината на тоа компромисно решение не е еднаква на сите чинители во политиката во Република Македонија, но сепак тоа е реалноста за нашата земја за да може што побрзо нашата земја да биде дел од ЕУ


,,Тоа што претседателот Иванов укажа на г-динот Баросо на некој начин може да се стави од ЕУ како условување од страна на Македoнија, што дефинитивно е несериозно и не и помага на Македонија во евроатлантските интеграции."

Изјави Аријанит Хоџа од оваа партија. Претседателот Иванов престојува во Брисел на средби со највисоките функционери на ЕУ со намера да побара датум за преговори без преходно да се реши спорот за името или тој спор паралелно да се решава. Сепак вчерашната средба со претседателот на ЕК, Баросо не остави многу простор за оптимизам. Повикувам да се реши спорот за името, само кусо ја повтори пораката претседателот на ЕК.

„Минатата година дадовме препорака за почеток на преговорите и дадовме визна либерализација за граѓаните на вашата земја. Тоа беше препознавање на направените напори, но исто така беше и охрабрување да се потикне решавање на спорот за името. За жал тоа се уште не се случи.“

рече Баросо.
XS
SM
MD
LG