Достапни линкови

Повторно неизвесно дали ќе биде пален Куранот


Христијанскиот свештеник во црквата на Флорида, во најновата изјава вели дека тој само ја суспендирал одлуката за палење на Куранот на 11-ти септември. Свештеникот Тери Џонс првично изјави дека нема да биде пален Куранот бидејки лидерот на проектот за изградба на исламски центар на местото на Светскиот Трговски Центар во Њујорк, ветил дека ќе се откаже од тој проект. Но, имамот ја демантира таквата информација по што Џонс изјави дека не е исклучено Куранот сепак да биде пален. Речиси целата американска администрација, на чело со претседателот Обама, како и воените команданти во Авганистан, го повикаа свештеникот Џонс да се откаже од палеењето на светата исламска книга.
XS
SM
MD
LG