Достапни линкови

Иванов ќе се сретне со Ромпуј


Македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов во придружба на шефот на дипломатија, Антонио Милошоски денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј и со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Белгија, Андре Флау. Вчера Иванов се сретна со претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо со кого разговараа за спорот со името и евроинтеграциите на Македонија. Баросо по средбата изјави дека сега е време да се донесе одлука во врска со прашањето за името. Тој додаде дека дека сега има подобра клима меѓу двете земји и затоа нагласи дека е поуверен од претходно дека може да се стигне до решение во наредните неколку месеци.
XS
SM
MD
LG