Достапни линкови

Уапсен поранешниот хрватски вицепремиер


Хрватските власти обвинија поголема група поранешни вработени во најголемата прехранбена компанија во земјата „Подравка“ за измами. Меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Дамир Поланчец.
Тој е највисокиот владин претставник кој досега е уапсен за корупција.
Уапсените се товарат дека склучиле зделка со цел да добијат пакет-акции во „Подравка“, а при тоа користеле пари на самата компанија. Со тоа ја оштетиле фирмата за најмалку 70 милиони долари.
Поланчец деманира дека ја злоупотребил својата должност.
XS
SM
MD
LG