Достапни линкови

logo-print

Нема пари за зимница и огрев


Кумановци се жалат дека се нема пари за зимница

Кумановци се жалат дека се нема пари за зимница

Поскапените цени ги оставија граѓаните без зимница. Повеќето незнаат како ќе се снајдат и со средства за купување дрва за огрев. Еден кубик чини 40 евра.

Кога нема пари, се е скапо, велат кумановци. Средната класа веќе не постои, оти таа одамна се претопила во сиромашните граѓани. Помладите невработени очекуваат помош од нивните родители пензионери, пензионерите велат дека штедат за да им помогнат на нивните деца, а оние што се технолошки вишок пак, велат дека живеат на вересија. Запрашани дали се подготвуваат за зимата во која трошоците за зимница и за огрев се зголемуваат, кумановци главно не ја прекинуваат традицијата.
Се подготвувате ли за зимница?
Сеуште не. Премногу се скапи, за нашите услови. Три илјади денари кубик е премногу. Ќе ни треба 6 кубика, зависно од зимата


„Да. Може да се каже дека е скапо.“

На што ќе се греете?

„На дрва.“

Купивте?

„Сеуште не. Премногу се скапи, за нашите услови. Три илјади денари кубик е премногу. Ќе ни треба 6 кубика, зависно од зимата. “

„Скапо е. На дрва ќе се грееме,пола сега ќе купиме,а половина зимоска. Шест до седум кубика по 2.800,2.900 денари кубик...“
Ах, зимница. Ако имаме пари ќе подготвуваме, ако не нема. Многу е скапо. На дрва ќе се грееме, а тие се 40 евра кубик, а добивам технолошки вишок од сто евра


Како ќе се снајдете?

„Ќе видиме.“

„Ах, зимница. Ако имаме пари ќе подготвуваме, ако не нема. Многу е скапо. На дрва ќе се грееме, а тие се 40 евра кубик, а добивам технолошки вишок од сто евра. Што ќе правиме, на вересија, ќе се снајдеме.“

„Јас си имам бавчичка на викендица и си берам пипер и правам зимница. Ајвар само за внучињата. На термо се греам, сама сум, мала ми е собата, плаќам по две илјади денари.“

И додека кумановци се снаоѓаат, а главно животот им е на вересија, во соседна Србија се греат на ќумур, а подготовките за зимницата и таму не се ефтини.

Како е во Србија?

„Добро, супер е. Ние се грееме на ќумур. Три илјади динари или 30 евра еден тон.“

Кумановци се подготвуваат за зимата секој на свој начин, но речиси сите без исклучок посакуваат ниските температури да започнат што подоцна,а зимата да трае кратко.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG