Достапни линкови

Баросо: Сега е време за решавање на спорот со Грција


Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануул Баросо ги повика Македонија и Грција да го решат спорот за името што поскоро. Веруваме дека сега е време да се реши тој спор, рече Баросо, по денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Брисил. Тој рече дека сега има подобра клима меѓу двете земји и затоа нагласи дека е поуверен од претходно дека може да се стигне до решение во наредните неколку месеци.

„Минатата година дадовме препорака за почеток на преговорите и дадовме визна либерализација за граѓаните на вашата земја. Тоа беше препознавање на направените напори, но исто така беше и охрабрување да се поотикне решавање на спорот за името. За жал тоа се уште не се случи“, рече Баросо.

На прашањето дали Македонија може да добие датум за преговори без решение на спорот со Грција, Баросо рече дека одлуките, една земја да ги почне пристапните преговори се носат едногласно од Советот на министри.
XS
SM
MD
LG