Достапни линкови

Обама реагира против палењето на Коранот


Американскиот претседател Барак Обама побара од водачот на мала американска христијанска црква да ги откаже плановите за палење на Коранот. Црквата најави дека во сабота ќе запали копии од светата муслиманска книга, по повод одбележувањето на 10-годишнината од терористичките напади од 11 септември.
Обама изјави дека планот е деструктивен и опасен трик. Американските воени команданти, претходно предупредија дека палењето на Коранот ќе предизвика зголемен број напади врз американските војници во Авганистан, но и на други места.
XS
SM
MD
LG