Достапни линкови

logo-print

Нема македонска фирма во најголемите 500 во средна и источна Европа


Нема ни една македонска фирма на листата од 500 најпрофитабилни компании во средна и источна Европа. Лидер на традиционалната ТОП 500 листа е полскиот петрохемиски концерн ПКН Орлен со приходи од 15, 7 милијарди евра. Од фирмите од поранешна Југославија, најдобро рангиран, на 18. место, е хрватски Агрокор, кој лани остварил приход од 3,67 милијарди евра. Српска Делта е на 73 место со приход од 1,65 милијарди евра, а Електростопанството на БиХ е на 406 место. На списокот нема ни една фирма од Македонија и од Црна Гора. На ранг-листата доминираат фирми од Полска.
XS
SM
MD
LG