Достапни линкови

Американско лидерство во светот


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон смета дека санкциите против Иран и преговорите со Русија за новиот СТАРТ договор се клучни успеси на надворешната политика на администрацијата на Барак Обама. Зборувајќи за дипломатските потези во изминативе 18 месеци таа оцени дека Вашингтон успешно маневрира во се посложениот свет.

Во говорот во Советот за надворешни односи американскиот државен секретар Хилари Клинтон посочи дека американската администрација во изминативе 18 месеци се фокусирала врз повторно зацврстување на врските со своите сојузници:

,,По повеќе од година ипол почнавме да бележиме корист од ваквата стратегија. Ги унапредивме американските интереси и постигнавме прогрес во некои од најголемите предизвици. Денес можеме да кажеме со сигурност дека овој модел на американско лидерство функционира и претставува најдобра надеж за опасниот свет.,,

Говорот на Клинтон доаѓа во многу важно време за администрацијата на Обама: растечкиот буџетски дефицит и опасноста за неговата Демократска партија да загуби на ноемвриските избори за Конгресот.
Несогласувањата се неизбежни за одредени прашања, како што се човековите права во Кина или руската окупација на Грузија и нема да се двоумиме тоа и да им го кажуваме. Кога некои народи не ја прифаќаат одговорноста која произлегува од нивното проширено влијание ќе направиме се што можеме за да ги охрабриме да го сменат курсот.


Клинтон оцени дека токму во сферата на дипломатијата Белата куќа бележи успеси во светот.

Како пример ги посочи новите санкции на Обединетите нации против Иран за кои за прв пат беше добиена поддршка од Русија и Кина.


Притоа, како што додаде, по примерот на Вашингтон и многу други земји воведоа посебни санкции против Техеран.

Но, според неа, санкциите не би требало да исклучат можно дипломатско решение на проблемот.

,,Санкциите и притисокот не се конечни сами по себе. Тие се само делови за да се постигне решение преку преговори на кои ние и нашите партнери инсистираме. Изборот е на иранските лидери кои треба да решат дали ќе ги прифатат обврските или ќе ја зголемат изолацијата на нивната земја.,,

Клинтон понуди и предвидување во врска со иранскиот народ кој, според неа, ќе одговори на тоа што неговата земја станува воено диктаторство со, како што рече, религиозно идеолошки корени.

Во успесите на американската дипломатија таа ги посочи и тешките преговори со Русија за постигнување на новиот СТАРТ договор со кој двете земји ќе го намалат бројот на боеви глави за една третина.

За тоа, како и за дозволата низ руска територија да се одвива снабдувањето на американските сили во Авганистан, според Клинтон, помогна заложбата на обамината администрација за ресетирање на односите со Москва.

Сепак, таа додаде дека соработката со Русија во некои сфери не негира дека Вашингтон и Москва не се согласуваат за други прашања.

,,Несогласувањата се неизбежни за одредени прашања, како што се човековите права во Кина или руската окупација на Грузија и нема да се двоумиме тоа и да им го кажуваме. Кога некои народи не ја прифаќаат одговорноста која произлегува од нивното проширено влијание ќе направиме се што можеме за да ги охрабриме да го сменат курсот.,,

Изјави Клинтон во Советот за надворешни односи во Вашингтон.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG