Достапни линкови

Кастро со критики до кубанскиот систем


Комунистичкиот стопански систем на Куба доби неочекуван критичар, Фидел Кастро. Водачот на кубанската револуција кој пред четири години поради болест беше принуден да ја напушти претседателската функција во разговор со известувачот за американскиот весник Атлантик вели дека на кубанската економија и требаат промени. Имено на прашањето на Џефри Голдберг, инаку експерт за америко кубанските односи, дали се уште вреди да се извезува кубанскиот стопански ситем во други земји, Кастро одговорил: ,,Кубанскиот модел вече не е добар ни за нас,,.
XS
SM
MD
LG