Достапни линкови

Трансакции за фирмите со блокирани сметки


Власта предлага фирмите со блокирани сметки да можат да вршат трансакции до 2012 година.

Фирмите со блокирани сметки да можат да вршат трансакции до 2012 година. Овој предлог на власта се најде пред членовите на собраниската комисија за финансирање и буџет, а истиот се правда со слабата ликвидност на македонското стопанство. Бизнисмените и експертите се со поделени мислења околу оправданоста на овој предлог. Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека за власта и за економскиот раст секако е поволно повеќе фирми да бидат активни:
Тие преку таквите оперативни работи ќе плаќаат придонеси за вработените, ќе плаќаат даноци и такси, така што на државата во било кој сооднос, таа би излегла губитник ако има повеќе затворени компании

„Поголем бенефит е за самата државата, затоа што преку таквата голема оперативна моќ на тие компании поголем удел од колачот ќе има и за државата. Тие преку таквите оперативни работи ќе плаќаат придонеси за вработените, ќе плаќаат даноци и такси, така што на државата во било кој сооднос, таа би излегла губитник ако има повеќе затворени компании.“

Адеми дополнува дека власта треба да биде поумерена во казнувањето:

Илустрација: Фабрика

„Целата таа енергија која се троши на казнување по основ на неплаќање на некои придонеси за вработени, треба да се пренасочи кон субвенционирање на големите стратешки сектори и компании кои што после тоа ќе имаат повеќе капацитет да извезуваат надвор од Македонија.“

На строгоста на власта забележуваат и стопанствениците. Сопственичка на мало претпријатие од Скопје, која инсистираше на анонимност, смета дека притисокот врз фирмите е голем:
Јас сум лично засегната. Ако имам 10 вработени, со плати, осигурани и со сите придонеси и уште од озгора фирмарина од 10 илјади денари треба да платам. На кој основ е тоа?

„Јас сум лично засегната. Ако имам 10 вработени, со плати, осигурани и со сите придонеси и уште од озгора фирмарина од 10 илјади денари треба да платам. На кој основ е тоа?“

Владата треба што поагресивно да ја спроведува законската регулатива и законите треба што поодговорно да се применуваат, посочува бизнисменот Зоре Темелковски и додава:

„Само со таквиот однос на Владата се помага на стопанството, бидејќи се доведува до еднаквост на правните субјекти на пазарот што е основна определба на секој стопанственик.“

Во врска со предлогот за одблокирање на сметките на фирмите до 2012 година, Темелковски забележува:

„Ова претставува бенифицирање на поединци и внесува во еден канал кој што им дава за право да се надеваат дека и утре Владата во вакви ситуации повторно ќе бара квазиекономски решенија.“
XS
SM
MD
LG