Достапни линкови

logo-print

Груевски упати честитка за празникот Рош Хашана


Македонскиот премиер Никола Груевски по повод еврејскиот празник Рош Хашана упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Македонија Бјанка Суботиќ и до членовите и припадниците на Еврејската заедница. ,,Честитајќи си ги ваквите големи празници, се потсетуваме и на долгата историја на заедничко разбирање и почитување. Уважувањето на религиските и културните посебности претставува непроценливо богатство за Македонија, светол пример и нејзин влог во градењето на свет со мирна и просперитетна иднина,, се наведува, меѓу другото, во честитката.
XS
SM
MD
LG