Достапни линкови

logo-print

Македонија на 79 место во Глобалниот извештај за конкурентност


Македонија го зазема 79 место од вкупно 139 рангирани светски економии, според последниот Глобален извештај за конкурентност за 2010-2011 година, кој го подготви Светскиот економски форум. Рангирањето се базира врз 12 критериуми, а како најпроблематични фактори за бизнисот во земјава се наведени бирократските процедури, пристапот до финансии, како и политичката нестабилност и корупцијата. Во однос на минатата година домашната економија се искачила за пет места на листата. Од земјите во регионот најдобро е рангирана Бугарија на 70 место и Хрватска која се наоѓа на 77 место. Нема промени на првото место каде и натаму е Швајцарија за разлика од САД кои второто место и го препуштија на Шведска и сега се рангирани на четвртата позиција.
XS
SM
MD
LG