Достапни линкови

Генералното собрание на ОН за српската резолуција


Генералното собрание на Обединетите нации вечер ќе ја разгледа предлог резолуцијата за Косово што Србија ја достави по усогласувањето на нејзиниот текст со Европската унија. Во неа се поздравува подготвеноста на Европската унија да го олесни процесот на дијалог меѓу страните и се констатира дека таквиот процес сам по себе ќе биде фактор на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Првиот текст на резолуцијата Србија го поднесе на 28 јули по мислењето на Меѓународниот суд на правдата дека декларацијата за независноста на Косово не е во спротивност со меѓународното право.
XS
SM
MD
LG