Достапни линкови

Ревидирана српската резолуција за Косово


Претседателот на Србија Борис Тадиќ и шефот на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел
Претседателот на Србија Борис Тадиќ и шефот на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел

Генералното собрание на Обединетите нации вечер ќе ја разгледа предлог резолуцијата за Косово што Србија ја достави по усогласувањето на нејзиниот текст со Европската унија. Во неа се поздравува подготвеноста на Европската унија да го олесни процесот на дијалог меѓу страните и се констатира дека таквиот процес сам по себе ќе биде фактор на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.

Србија со Европската унија ја усогласи предлог резолуцијата за Косово и му ја достави на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во изменетиот текст се изоставени одредниците за неприфатливост на едностраната сецесија на Косово, како и повикот низ дијалог да се решаваат сите отворени прашања.

Исто така е уфрлено дека Генералното собрание на Обединетите нации ја поздравува подготвеноста на Европската унија да го олесни процесот на дијалог меѓу страните.
Тоа беше и целта на Европската унија, за ова европско прашање да не се разговара во Ист Ривер, туку во Брисел. И за Србија е тоа важно, бидејќи во Унијата гледа свој главен партнер. Не би ме изненадило ако наскоро на дневен ред не биде ставена и српската кандидатура за членство во Европската унија.

За официјален Белград резолуцијата е плод на компромис и оти во неа на никаков начин не се содржи признавање на косовската независност.

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во ОН

Ревидираната резолуција синоќа ја поздрави и владата на Косово. Во соопштението се наведува дека предлог резолуцијата отфрла секаква можност за преговори за статусот на Косово и ги повикува страните на соработка.

„Владата на Косово секогаш изразувала готовност да соработува со Србија како две независни и суверени држави во рамките на евроатлантските интеграции“, се наведува во соопштението.

Инаку, во првите реакции на аналитичарите во Приштина се наведува дека вистински потег би бил доколку Србија целосно ја повлечеше резолуцијата. Експертите во Белград пак оценуваат дека ова претставува храбра одлука и историски момент.

„Ова сега е конкретна потврда и доказ дека Србија навистина е стабилизирачки фактор не само во регионот, туку и во Европа и оти со самото тоа го отвора патот за натамошна интеграција на Европската унија“, вели Иван Вејвода, директор на Балканскиот фонд за демократија.

Се чини дека за ваквиот пресврат придонесе неодамнешната интензивна дипломатија на Германија и Британија.

„Се случи она што се очекуваше“, вели поранешниот амабасадор на Србија во Франција Предраг Симиќ, кој додава дека со тоа е надмината кризата која се закануваше да ги наруши европските перспективи на Белград:

„Тоа беше и целта на Европската унија, за ова европско прашање да не се разговара во Ист Ривер, туку во Брисел. И за Србија е тоа важно, бидејќи во Унијата гледа свој главен партнер. Не би ме изненадило ако наскоро на дневен ред не биде ставена и српската кандидатура за членство во Европската унија“, вели Симиќ.

Освен за Белград, тоа, според Рада Трајковиќ, еден од лидерите на косовските Срби, би било добро и за Косово и за Србите кои живеаат таму.

„Тоа би била една спасоносна порака едноставно затоа што мораме да ја прифатиме реалноста која владее на просторот на Косово и Метохија. Мнгу срби иако можеби тоа не го кажуваат мислат како и јас. Србите на Косово ја прифаќаат реалноста која им овозможува мирен и стабилен живот на просторот на кој отсекогаш живееле“, вели Трајковиќ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG