Достапни линкови

Одбележување на исламскиот верски празник Рамазан Бајрам


Муслиманите во Македонија, како и целиот исламски свет денеска го слави верскиот празник Рамазан Бајрам. По тој повод премиерот Никола Груевски организираше Ифтар-вечера, на која присуствуваа претседателот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, повеќе муфтии и високи претставници на ИВЗ, пратеници и владини функционери. Груевски изјави дека владата се залага за општество во кое слободно се развива религијата, а присутните дека со почитување на религијата Македонија го унапредува соживотот и општеството. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот.
XS
SM
MD
LG