Достапни линкови

Американските амбасади со зголемени безбедносни мерки


Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави им нареди на американските амбасади низ светот да ги зголемат безбедносните мерки, поради намерата на христијанска црковна група од Флорида да го запали Куранот во сабота на 11 септември, кога е девет годишнината од терористичкиот напад на кулите близначки. Групата ги одби барањата на државниот секретар Хилари Клинтон да се откаже од идејата, бидејќи според неа таа ќе предизвика анти-американски чувства меѓу муслиманскиот народ и ќе биде опасност за војската и диполоматите на земјата.
XS
SM
MD
LG