Достапни линкови

Предвремени избори во Молдавија?


В.д. претседателот на Молдавија Михаи Гимпу денеска соопшти дека ќе го распушти Парламентот и ќе распише предвремени избори. Гимпу рече дека очекува до вторник да добие одобрение од Уставниот суд за распуштање на Парламентот. Одлуката на Гимпу доаѓа, откако референдумот за уставни измени не успеа. Измените предвидуваа претседателот да се бира на непосредни избори, наместо како сега со гласање во Собранието. Молдавија е без претседател повеќе од една година, затоа што ’тенкото‘ владејачко мнозинство и опозициските комунисти не можат да договорат заееднички кандидат. Без претседател, ни една одлука на Парламентот не може да стапи во сила.
XS
SM
MD
LG