Достапни линкови

Олеснување на животот на лицата со попреченост


Куманово ќе спроведува акционен план за олеснување на положбата на лицата со интелектуална попреченост

Куманово ќе спроведува акционен план за олеснување на положбата на лицата со интелектуална попреченост

Куманово ќе се адаптира согласно потребите на лицата со интелектуална попреченост. Усвоениот акционен план предвидува отстранување на бариерите што им го отежнуваат животот на овие лица.

Подобрување на инфраструктурата и сите останати неопходни услуги за социјализација и ресоцијализација, за олеснување на положбата на лицата со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст, во општината Куманово е регулирано со локален акционен план. Во оваа општина живеат околу десет илјади лица од оваа категорија. Според Чедомир Трајковски претседател на Републичкото здружение „Порака“ и родител на дете со интелектуална попреченост вели дека документот е многу значаен не само за семејствата, туку за општеството и за градот воопшто, бидејќи:
Од едно навидум медицинско прашање се претвори во прашање за човекови права. Ова не е ништо ново, туку се работи само за одредени норми и задачи за човекови права кои со одредена динамика ќе се остваруваат


„Од едно навидум медицинско прашање се претвори во прашање за човекови права. Ова не е ништо ново, туку се работи само за одредени норми и задачи за човекови права кои со одредена динамика ќе се остваруваат.“

Василка Димовска проект менаџер, смета дека ова е реален план кој ќе се остварува наредните три години. Документот е презентиран на јавна трибина, а советниците од општинскиот Совет во Куманово го усвоиле.

„Се овозможи да биде преведен и како двојазичен ќе биде доставен до сите релевантни фактори.“

Проектот е финансиран од американската амбасада во нашата земја, а градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски вели дека оваа локална самоуправа е прва во државава која пред повеќе од четири години помогна во отворање дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст.

„Дневен центар и локален акционен план ќе помогнат за аплицирање во многу фондови. Работиме на надминување на градежните бариери почнувајќи од плоштадот, ќе направиме сигнализација, нови линии и нови автобуси за потребите на овие лиц“, смета Дамјановски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG