Достапни линкови

Во Дебар зголемување на социјалните случаи


Во Дебар пораст на социјалните случаи

Во Дебар пораст на социјалните случаи

Во општина Дебар се понагласени се социјалните проблеми. Над 900 лица се носители на правото на социјална помош, а бројот на членовите на нивните семејства е над 4000 .

Во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Дебар велат дека бројот на оние кои бараат социјална помош е се поголем. Дел од граѓаните кои бараат социјална помош наведуваат дека и покрај тоа што помошта им следува, тие не ја добиваат поради одредени бирократски формалности во институциите. Семејството на Таип Абдурамани брои десет членови, а живее во стан кој има нешто повеќе од 50- тина квадратни метри.
Како што гледате сами живееме десет членови на семејството во стан кој има 53 квадратни метри. Живееме тука јас, сопругата, два сина кои се женети и имаат деца, како и една моја ќерка. Ниту еден член на семејството не е вработен. Социјална помош примам само јас и тоа само 2600 денари. Тешко се живее

„Како што гледате сами живееме десет членови на семејството во стан кој има 53 квадратни метри. Живееме тука јас, сопругата, два сина кои се женети и имаат деца, како и една моја ќерка. Ниту еден член на семејството не е вработен. Социјална помош примам само јас и тоа само 2600 денари. Тешко се живее, барам помош насекаде, но треба да нагласам дека нема ни помош ниту пак работа. Моите два сина кои имаат свои семејства живеат со мене, бидејќи немаат станови. Тие не добиваат ниту социјална помош, им велат дека проблем е тоа што живеат со мене заедно. По правило требало да живеат посебно.“

Таип има 45 години и во последно време има се понагласени здравствени проблеми.

Дебар

„Онака како што живеам јас не сакам никому да му се случи. Некој разбира како живеам, но некој не. Живееме тешко, и тешко излегуваме на крај. Пред две недели, јас имав проблеми со срцеви заболувања, бев во болница во Охрид. Но, сетоа тоа бараше пари. Земав 200 евра на заем и сега се обидувам тие пари дадени за моето здравје и лекување во Охрид да ги повратам, но институциите ми велат дека тоа е приватно.“

Неговиот син Роберт е женет, но поради тоа што нема услови да живее во посебен стан, тој живее заедно со неговите родители.

„Живеам со татко ми, имам сопруга и дете, но немам добиено социјална помош. Во социјално ми велат дека не ги исполнувам условите бидејќи немам свој стан каде би живееле посебно со семејството. Сакам работа, но ја нема. Сакаме и ние да живееме како и сите други“, вели Роберт.

Ова е само едно од многуте дебарски семејства кои живеат со бројни социјални проблеми. Податоците говорат дека над 100 брачни парови кои се приморани да живеат со своите родители бидејќи нема друг излез не го користат правото на социјална помош, токму заради тоа што не живеат посебно.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG