Достапни линкови

logo-print

Новинарско „востание“


На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше поставено платно на кое секој можеше да даде свој одговор на темата „19 години независна Македонија!19 години независно новинарство?“.
Иницијаторите на идејата за обединување на новинарската фела потенцираа дека декларацијата која ги содржи целите и амбициите на новинарското „востание“ вчера била доставена и до државниот и до политичкиот врв на земјата.
Поддршка на иницијативата за промени и подобрување на социјалните и професионални стандарди на новинарите во Македонија дадоа и Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари.
XS
SM
MD
LG