Достапни линкови

Честитки за Денот на независноста


Повеќе шефови на држави испратија телеграми со честитки до претседателот Ѓорге Иванов, по повод Денот на независноста.
Американскиот претседател Барак Обама во честитката пишува дека САД го вреднуваат македонскиот придонес кон светската безбедност. „Ја поддржуваме Македонија која продолжува на реформскиот пат и се движи кон интеграција во евро-атланските институции“, пишува американскиот претседател.
Грчкиот претседател Каролос Папуљас, пак, изрази желби за просперитет, благосостојба и напредок. Честитки испратија и други претседатели, меѓу кои и германскиот Кристијан Волф и италијанскиот Џорџо Наполитано.
XS
SM
MD
LG