Достапни линкови

logo-print

Пендрек за штедачите во Кабулска банка


Авганистанските безбедносни сили денеска со пендреци се обидуваа да ја скротат толпата од околу 200 луѓе кои чекаа пред една филијала на Кабулската банка да си ги подигнат парите.
Откако дел од американските весници објавија дека има финансиски малверзации во банката, клиентите панично почнаа да ги вадат парите, иако властите уверуваат дека нивните заштеди во најголемата приватна банка во земјата се сигурни.
XS
SM
MD
LG